| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на ЦИА: Воено решение е невозможно во делови на Блискиот Исток

­ Воено решение е невозможно во некои делови на Блискиот Исток, оцени шефот на ЦИА, Џон Бренан, наведувајќи дека е тешко да се замислат ефикасни централни влади во некои земји во границите во кои денес тие постојат. ­

john-brennan-web-opt

 

– Кога ќе ја погледнам Либија, Сирија, Ирак и Јемен, тешко ми е во тие земји да замислам централна влада која би била способна да воспостави контрола или авторитет над територијата која е воспоставена по Втората светска војна, рече Бренан. ­

– Воено решение едноставно е невозможно во која било од тие земји, рече тој.

Шефот на ЦИА истакна дека е „потребно да се намали температурата, да се обиде со деескалација на конфликтите, да се изгради доверба меѓу земјите кои се таму присутни и кои сериозно се заинтересирани за мирно решение“.

Директорот на француската разузнавачка агенција ДГСЕ Бернар Бажоле изјави оти е малку веројатно регионот на Блискиот Исток да се врати на старо по прекин на актуелните конфликти. ­

– Блискиот Исток, каков што го познаваме исчезна, и се сомневам дека некогаш ќе се врати како што бил, рече Бажоле. ­

– Гледаме дека Сирија е веќе поделена, дека режимот контролира дури мал дел од територијата, односно една третина од површината земјата која е воспоставена по Втората светска војна. Северот е под контрола на Курдите, наведе тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top