| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Жерновски: Победија граѓаните на Центар

И покрај Пустец, Голо Брдо и Мала Преспа, Центар вечерва победи. Сакам од сесрце да им се заблагодарам на тие што животот го дадоа во оваа кампања, 24 часа трчаа за оваа кампања. Не победив јас, не победија советниците, не победи оваа коалиција. Победија граѓаните на општина Центар. Победи гордоста, честа, непоткупливоста и решителноста на овие граѓани – порача Андреј Жерновски, новиот градоначалник на општина Центар.

Тој се обрати од седиштето на СДСМ на Бихакќа. Пред него зборуваше Гордан Георгиев од СДСМ, кој рече дека е зачуден со какви манипулации и божји гревови се служи за да земе власт.

– Мислев дека со вакви манипулации не може никој да победи. Среќа, центар падна и доби нов градоначалник – рече тој.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, им се заблагодари на тие што гласале за СДСМ и за здружената опозиција затоа што со ваква власт да се даде свој глас за опозицијата е потребна храброст и решителност да се преземе ризикот.

фото: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top