Вистинска драма се одвива во вечерните часови во Ливерпул, пријавено е дека се бара бомба на „Енфилд“, пишува порталот „Спорт“.
Оваа информација ја потврдила и полицијата, која навела дека една особа од туристичката тура се води како исчезната.
Како што информираат поради безбедносни причини целиот стадион е евакуиран, претресот е во тек. Пред „Енфилд“ има голем број на полиција, пожарникари и брза помош.
„Клубот не може да гарантира дали таа особа која што се води како исчезната го напуштила стадионот. Наша цел е да ја осигураме безбедноста“, изјавиле за полицијата од Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.