Меѓународните кредитори, најверојатно, ќе ја одложат исплатата на следната транша од кредитот за Грција бидејќи властите во Атина не успеале да ги исполнат договорените реформи од третата спасувачка програма во износ до 86 милијарди евра, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
– Планираната исплата за октомври на две од вкупно три милијарди евра од првата транша финансиска помош ќе биде одложена – изјавил висок претставник на ЕУ за германскиот весник. Тој додал дека исплатата најверојатно ќе биде во ноември и оти е малку веројатно парите да стигнат во Атина до крајот на оваа седмица, како што претпоставува Брисел.
Потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис пред неколку дена изјави дека Грција е на пат до крајот на октомври да ја добие првата транша од две милијарди евра од новата меѓународна спасувачка програма. – Работите се повеќе или помалку во тек – рече тој пред посетата на Атина, која почна вчера, а на прашањето дали грчката Влада до крајот на неделава ќе ја добие планираната транша од две милијарди евра, тој одговори: „мислам дека да“.
Според изворот на „Зидојче цајтунг“, Грција, очигледно, не ги исполнува реформите што беа дооворени во август, со оглед на тоа што властите во Атина досега успеаја да остварат само 14 од 48 „главни фази и чекори“ што беа договорени во рамките на една третина спасувачка програма во вредност од 86 милијарди евра.
Постојат проблеми со договорениот распоред за реформи во банкарскиот и во финансискиот систем на земјата, информира германскиот весник и забележува дека минатонеделните преговори меѓу Атина и кредиторите од ЕК, ЕЦБ, ММФ и Европскиот механизам за стабилност, завршија без успех. Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос објасни дека Владата се уште треба да заврши „огромна работа“.
За време на преговорите имало несогласувања и за прашањето како банките во земјата ќе се справат со лошите хипотекарни кредити. Грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата недела истакна дека неговата Влада нема да толерира масовни запленувања на хипотеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција