| четврток, 6 декември 2018 |

Грција сама ќе ги заштитува копнените граници со Македонија и со Албанија

Грција сама ќе ги заштитува копнените граници со Македонија и со Албанија, а Фронтекс ќе помага само при регистрацијата на бегалците, кои не се регистрирани.

мигранти

Тоа го изјави грчкиот министер за емиграциска политика Јанис Музалас, истакнувајќи дека одлуката за тоа била донесена многу тешко на средбата за емиграцијата во Брисел во неделата.

Синоќа министерот рече дека грчката страна го отфрлила предлогот за заедничка заштита на нејзините копнени граници со ЕУ.

– На крајот беше решено дека обезбедувањето на границите е во надлежност на грчките власти и дека Грција сама ќе ги обезбедува – додаде министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top