Коце Трајановски, кандидатот за градоначалник на Скопје, прогласи победа во битката за градоначалник на главниот град. Тој изјави дека врз основа на неофицијалните и нецелосно обработени податоци има 99.000 гласа, наспроти неговиот противкандидат Јани Макрадули од „Сојузот за иднината“, кој има 59.000 гласа. Досега се обработени 73,88 проценти од гласовите во изборачките места.

Освоените гласови, вели Трајановски се недостижни со оглед на тоа што се обработени податоците во речиси 88 проценти од избирачки места и веќе е извесна неговата победа во Скопје, која се повтори како и во првиот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


