Знаете ли што е потребно да се отворат врата од челик, а не е убав збор?
Решил некој цар, поради пополнување на местото на важена функција на дворот, да ги тестира своите поданици. Веднаш се собрале сите мудреци и луѓе со повисоки положби, а царот им рече:
-Имам дилема и ме интересира кој од вас може да ми помогне да ја решам.
Потоа ги однеле до голема врата и им кажал:
-Ова е најголемата и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?
Поголем број од присутните веднаш почнаа да ги нишаат главите во неверување. Помалиот дел кои ги сметаа за дворски мудреци , почнаа да ја загледуваат вратата, да ја допираат, но на крајот сите признаа дека не умеат да ја отворат.
Меѓутоа, од насобраните луѓе исчекори еден човек, и пријде на вратат, почна да ја гледа, допира и бутка. Наеднаш, силно ја повлече и вратата се отвори! Вратата била подотворена, но не била заклучена. За отворање на подотворената врата беше потребна самодоверба тоа да се стори во присуство на царот.
Царот објави:
-Ти ќе ја добиеш положбата на дворот. Не се потпре само на тоа што го гледаш. Се осмели да го сториш тоа што на прв поглед делуваше невозможно.
ТАКА Е И ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ: Многумина врати се веќе подотворени, но ние се плашиме до крај да ги отвориме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.