| четврток, 6 декември 2018 |

Нова дигитална опрема за прикажување филмови во Кинотека на Македонија

По повод 27 октомври, Светскиот ден на на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО, во вторник во 12 часот, Кинотека на Македонија свечено ќе ја пушти во употреба новата дигитална опрема за прикажување филмови и ќе додели повелба на актеротЕмил Рубен по повод неговиот јубилеј: 60 годишни на филмски платно.

„Имајќи предвид дека една од основните дејности на Кинотеката на Македонија е заштитата на аудиовизуелните добра, а во чекор со новите технолгии, дигитализација претставува дел од светските трендови за заштита и презентација на филмското наслество. Во таа насока годинешниот слоган за одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е Архивите во ризик: заштита на културниот идентитет во светски рамки“ велат од Кинотека.

Овој значаен ден за кинотеките ширум светот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи со промоција на дигитализираното кинотечно кино, односно опремувањето на киното со дигитален проектор со што ќе се овозможи соодветна презентација на новите филмски остварувања од домашната и светска продукција како и на аудиовизуелниот материјал кој кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство.

Исто така на овој ден Кинотеката на Македонија ќе му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј: 60 годишни на филмски платно.

unnamed (1)

Семејството Рубен, на Кинотеката на Македонија го подарија филмски проектор  на 9, 5 мм филмска лента ,“Pathé-Baby” кој е произведен во 1920-тите години од страна на познатиот производител Пјер Виктор Континсуза за компанијата „ Pathé”. Покрај тоа семејството Рубен ја збогати колекцијата на Кинотеката на Македонија со аматерската камера „ Pathé-Baby“ произведена во 1920-тите години која била употребувана за аматерски снимки. Ова надоплнување на кинотечната колекција е уште еден чекор кон зачувување на аудиовизуелното наследство, зашто во споредбата на новата технологија и старите експонати, може да се согледа вредноста на филмското наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top