| четврток, 6 декември 2018 |

Болестите од кои ќе заболите и вашата плодност зависат од крвната група

група
Бројните модерни студии ја покажуваат поврзаноста на одредени крвни групи со болести, плодноста, но и предностите кои ги носат за луѓето
Крвната група А – подолго плодни, но и наклонети кон пиење  
Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик да заболат од рак на желудник, посебно ако пушат и ако пијат. Жените со крвна група А подолго се плодни, па многу е веројатно да затруднат и во повозрасно доба.  Постои и врска меѓу крвната група А и опсесивно компулзивните пореметувања.
Крвна група Б – поголем ризик од чир, но и подобар метаболизам
Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик од добивање рак на слезина. Исто така луѓето со оваа крвна група имаат голем ризик од проблеми со помнењето, па и настанување на сенилност и Алцхајмерова болест. Исто така имаат сколност кон настанување на чиреви и разни воспаленија  предизвикани од бактерии поради бавниот имунолошки одговор на инфекциите. Сепак добрата страна е што имаат брз метаболизам, полесно ги градат мускулите, па подобро реагираат на телесни вежби.
Крвна група О – помал ризик од инфаркт, но и пократка плодност
Луѓето со оваа крвна група имаат помал ризик од срцев удар и рак на желудник. Имаат поголем ризик од добивање чир на желудник, а мажите со оваа крвна група се посклони кон дебелење. Жените со оваа крвна група имаат поголема веројатност да имаат помалку и лош квалитет на јајни клетки, поради што можноста за зачнување деца е помала. Добро е што луѓето со О крвна група се поотпорни на стрес.
Крвна група АБ – склони кон инфаркт, но со подобар вид
Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик за настанување на рак на јајници, а бремените жени со група АБ имаат поголем ризик за развивање на висок крвен притисок. Припадниците на оваа група имаат поголем ризик од срцеви болести и инфаркт, но и дигестивни проблеми, како хроничен гастритис. Истражувањата покажуваат дека се помалку отпорни на стрес, но добрата вест е дека немаат проблеми со видот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top