Турската полиција утрово привела 30 луѓе за кои смета дека се припадници на Исламската држава, објавија локалните медиуми. Полицијата извршила рации во куќи за кои имало сомневања дека се ќелии на ИСИС во градот Кони, во централна Анадолија, објави новинската агенција Доган, наведувајќи дека операцијата се уште е во тек.
Вчера, во градот Дијарбакир, на југоистокот на земјата дошло до судир на џихадистите и турската полиција во која загинаа двајца полицајци и седум наводни припадници на ИСИС.
Турските власти подготвувајќи се за избори во недела, спроведуваат истрага за исламски екстремисти кои се товарат за двократните бомбашки напади во Анкара во кои загинаа 102 лица.
Претседателот на Турција Реџеп Таир Ердоган вчера вети дека ќе ја продолжи полициската операција против сите терористи вклучувајќи ја и ИСИС и забранетата Курдистанска работничка партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.