| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно: се крпат ударни дупки на автопатот Гостивар-Тетово

ekonomija-patista-51-1

На автопатот Гостивар-Тетово на потегот од наплатната станица Гостивар до наплатната Тетово денеска ќе се изведуваат градежни работи за крпење ударни дупки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека поради снимање на францускиот филм „A Fond“ денеска за сообраќај ќе биде затворен автопатот А1 на делницата од Градско до Неготино, а утре автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top