| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ се премисли, останува на клупата на ППД Загреб по разговорот со играчите

Црногорскиот тренер Веселин Вујовиќ, сепак, ќе остане на клупата на ППД Загреб откако утринава беше обелоденето дека поднел оставка. Тој се почувствува предаден од играчите и затоа сакал да си замине од клупата. Сепак, и при првата информација постоеше можност тој да остане во Загреб.

– По поразот од Бешикташ се почувствував предаден и оставен од играчите. Сметав дека моето заминување би бил позитивен сигнал за моите ракометари за кои тврдам дека имаат голем квалитет. Одлуката ја променив од неколку причини. Прво, разговорот со дел од ракометарите, кои во име на целиот тим ме молеа да им дадам уште една шанса и дека поразот во Истанбул е само лош ден. Исто така, направив ретроспектива и заклучив дека за нешто повеќе од една година имавме само еден вистински кикс и тоа токму оној меч против Бешикташ. На играчите им реков дека им давам уште една шанса и дека ваков пораз како оној од саботата повеќе нема да толерирам. На крајот, можам да потврдам дека останувам во Загреб ППД и се надевам на нови успеси со тимот – изјави Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top