| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка: Економски раст од 3,2 отсто и покрај политичките случувања

сб

Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија за годинава е 3,2 проценти. Во објавениот економски преглед за Европа и Централна Азија е забележано дека годинава поради политичките случувања во Македонија има забавување на економската активност.

За наредната година Светска банка предвидува растот на БДП да биде 3,4 проценти, а во 2017 година 3,7 проценти. Главен двигател на ваквиот раст, според Светска банка, ќе бидат зголемените јавни инвестиции, зголемениот извоз и зголеменото индустриско производство. Сепак, Светска банка смета дека порастот од еден процент на БДП од година во година не е доволен за да се создадат значителен број работни места. Во прегледот се наведува дека се очекува и натамошно намалување на стапката на сиромаштија и зголемување на вработеноста.

Во него е посочено дека стапката на сиромаштија е намалена од 27 проценти во 2010 година на 24,2 проценти во 2013 година, што укажува дека се подобрени условите за живот.

Невработеноста е намалена од 28,4 на 27,3 проценти, а стапката на невработеност меѓу младите е намалена од 53 на 48, но се уште е највисока во регионот.

Намалување на невработеноста, особено кај младите е наведено како еден од предизвиците што стојат пред Македонија, заедно со справувањето од можните последици од политичката криза и фискалната консолидација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top