СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.С. (35) државјанин на Италија поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“.
Пријавениот во периодот од јануари 2013 до февруари 2014 година, преку социјалните мрежи „Скајп“ и „Фејсбук“, во повеќе наврати злоупотребил неколку деца кои наполниле 14 години на тој начин што им понудил и преку банки со брз трансфер на пари им исплатил 4.307 евра. Како противуслуга, соопшти денеска МВР, од децата барал да се соблекуваат голи, да се допираат по телото, да се фотографираат и така направените фотографии и видеоклипови да му ги испраќаат.
Од страна на полициски службеници, по наредба од Основен Суд е извршен претрес во домовите каде што живеат децата при што се пронајдени предмети – компјутери и мобилни телефони преку кои е остварувана интернетската комуникација, кои се одземени и се дадени за вештачење во МВР на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.