| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Македонија можна порта за ОАЕ кон Европа

Gruevski so sheikot na Dubai1

Премиерот Никола Груевски денеска во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, оствари средба со премиерот на ОАЕ, Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од взаемен интерес.

– Двете страни нагласуваа дека меѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатираа потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на економски, културен, образовен план. Соговорниците особено ја истакнаа потребата и интересот за унапредување на економската соработка- се вели во соопштението.

Gruevski so sheikot na Dubai

На средбата е констатирано дека постои голем простор и потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена помеѓу двете земји. Премиерот Груевски потенцирал дека македонското стопанство поседува потенцијал за производство на производи кои може да се пласираат на пазарот во ОАЕ, особено во делот на земјоделството.

Gruevski so sheikot na Dubai2

Особен акцент е ставен на можностите за унапредување на соработката на полето на инвестициите. Премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија овозможува услови за водење бизнис, за што има креирано пакет ниски трошоци за економските субјекти, и дека Обединетите Арапски Емирати може да ја користат нашата земја како порта за реализација на економски операции во Европа.

Gruevski so sheikot na Dubai3

Станало збор и за опциите за соработка на економски план на меѓудржавно ниво. Претседателот на македонската Влада истакнал и конкретни можности за соработка на ова поле, претставувајќи ги проектите за инвестиции во енергетскиот сектор со осврт на гасификацијата на земјата и можностите за изградба на хидроцентрали, инвестициите во туризмот преку туристичките слободни зони и инвестирањето во недвижности и градба на хотели, инвестициите во земјоделството и производството на храна и други проекти кои би можеле да бидат предмет на интерес на Емиратите.

Gruevski so sheikot na Dubai4

Груевски го поканил Шеикот Ал Мактум да ја посети Република Македонија, со што би се продолжил дијалогот на високо ниво и би се конкретизирале можностите за потенцијална економска соработка.

Gruevski so sheikot na Dubai5

Ал Мактум дал позитивна оценка за економските политики на Македонија и го изразил интересот во следниот период да ја разгледа можноста за посета на нашата земја.

Во рамки на средбата е потпишан и Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и ОАЕ кој ја дава основата и ги зголемува капацитетите за продлабочување на економската соработка.

Gruevski so sheikot na Dubai6

Договорено е во идниот период претставници на двете страни да работат на финализирање на Договорот за заштита на инвестициите кој би претставувал основа и би ги обезбедил правците за конкретна соработка на полето на инвестициите.

Соговорниците разговарале и за политиките кои ги реализираат двете земји во образовната сфера, додавајќи дека образованието е најдобра основа за обезбедување на економскиот раст и развој на земјите.

Gruevski so sheikot na Dubai7

ОАЕ е значајна држава во регионот на Заливот, која се карактеризира со висок економски раст и развој. Според проценетиот раст на БДП се наоѓа на 7-то место во светот оваа година. Емиратот Дубаи, покрај Абу Даби е еден од двата главни емирати во земјата. Се карактеризира со економски раст базиран на инвестиции, на услуги и има позитивен раст во сите економски сфери.

Gruevski so sheikot na Dubai13

Премиерот Груевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати ќе оствари средби со политички и економски претставници и субјекти од земјата домаќин. Покрај посетата на Емиратот Дубаи, премиерот Груевски ќе го посети и Емиратот Абу Даби.

Gruevski so sheikot na Dubai14

Gruevski so sheikot na Dubai15

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top