Од сабота, 24 октомври, среќните места на Државна лотарија на Македонија нудат можност за добивање на посакуваниот автомобил „фолксфаген пасат“ за само 50 денари, со учество во инстант лотаријата под име „Среќни тркала“.
Инстант лозот „Среќни тркала“ во фондот на добивки нуди седум автомобили „пасат“ и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 30.485.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на сликата на автомобилот, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивка автомобил е остварена доколку во четири од деветте полињата се откријат симболи на тркала, по што лозот го носи името „Среќни тркала“, информираат од Државна лотарија на Македонија.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди висока класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакти со играчи на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил го посочија токму „пасат“ што се совпаѓа со прогласувањето на „пасат“ за автомобил на 2015 година.
Во соработка со „Мотоцентар“, најпрофесионалниот центар за гуми во Македонија, Државна лотарија на Македонија обезбеди подарок за секој добитник на автомобил од инстант лозот „Среќни тркала“. Подарокот од Мотоцентар се состои од сет зимски гуми за „пасат“ што на добивката и дава додадена вредност.
Играчите на инстант лозот за 50 денари ќе имаат можност да добијат автомобил со сите платени давачки и подарок четири зимски гуми.
Инстант лозот „Среќни тркала“ е трет во серијата лозови под ова име. Првата серија нудеше автомобили „голф 6“, а втората серија автомобили „поло“. По успехот на двете претходни серии со автомобили од брендот на „фолксваген“, Државна лотарија на Македонија ја продолжува соработка со „Порше Македонија“ за понуда на најбараните актуелни модели на автомобили, кои ја одбележуваат годината.
Во моментов има седум активни лозови, со цени од 20 до 50 денари, кои нудат различни добики: автомобили, скутери и парични добивки. Заклучно со најновиот лоз од април 2010 до денес пласирани се вкупно 17 различни видови инстант продукти од кои се вкупно доделени 85 автомобили, 30 скутери и бројни парични добивки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.