| четврток, 6 декември 2018 |

Евроскептичните конзервативци повторно владеат со Полска

Полска вчера гласаше за промени, доведувајќи ги на власт католичките конзервативни евроскептици, кои го искористија бранот популистички ветувања и стравот од масовното доселување на бегалците од Блискиот исток, со ризик да отворат напнатост во односите со ЕУ, Белин и со Москва, пренесуваат агенциите

Партијата Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински добила апсолутно мнозинство на парламентарните избори со 38 проценти, односно 238 места од 460 во Парламентот. Неговите противници потсетуваа на периодот на владеење на Качински  2005-2007 година, пбележано со тешки односи со Брисел, Берлин и со Русија, како и со социјална напнатост и контроверзна „декомунизација“, што немаше влијание врз гласањето, пренесува АФП.

polskaКритичарите стравуваат дека ПиС ќе ги заостри условите за абортус, ќе ги отежне условите за вештачко оплодување и ќе наметне повеќе веронаука во образованието.

Победниците кои во кампањата нагласуваа дека се за „Позитивни промени“ дадоа голем број ветувања како намалување на данокот, намалена годишна граница за пензионирање и золемување на семејните надомести.

Иако потврда на целосните резултати се очекува во вторник навечер, бидејќи маргината на грешка е два проценти и може да влијае на конечните реултати, сепак, нема да влијае на победата на ПиС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top