Им досадило да се трудат да одржуваат контакт, па решиле да му организираат погреб.
Секој од нас има барем по еден пријател кој кога ќе се вљуби, едноставно заборава на сите луѓе околу себе. Токму таков е и случајот на ова момче.
Кога Кеиран Кејбл (20) почнал да се забавува со Џес Фергусон (19), неговите пријатели велат дека едноставно исчезнал. По 18 месеци не вратени повици и мејлови, 50 пријатели се собрале сакајќи да му одржат помалку сурова лекција. Тие организирале негов погреб.
Набавиле мртовечки ковчег, мртовечка кола, а еден од пријателите дури држел и опело.
-Кеиран имаше тешкотии да одржува контакт со своите пријатели цели 18 месеци, но за жал на чекањето му дојде крајот и тој одлета до вратите на рајот. Тоа што најмногу боли е фактот дека немавме време да се простиме од него откако го смени својот статус од „Самец“ во „Во врска“- читаше еден од неговите пријатели.
Момчињата дури и го стопирале сообраќајот и направиле поворка, а Кеиран го убедиле да се види со нив со изговор дека ќе одат на натпревар. Беше и тоа како изненаден кога видел дека го чека ковчег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!