Свадбата на Северина Вучковиќ и на Игор Којиќ привлекува големо внимание кај јавноста, а со оглед на тоа дека остана помалку од еден месец до големиот датум, полека се откриваат деталите околу свадбата на годината.
На нивниот најважен ден во животот ќе пее Тања Савиќ, која веднаш ја прифатила поканата, а заедно со неа гостите ќе ги забавува и оркестарот на Аца Софронијевиќ.
-Северина ја запозна Тања Савиќ кога Кеба имаше концерт во Лозница. На забавата по настапот, Тања отпеала неколку песни и ја одушевила Северина. Кога таа и Игор зборувале за тоа кој би можел да им пее на свадбата, пејачката веднаш ја предложила Тања, а со нејзиниот избор се согласиле сите од фамилијата Којиќ, кои приватно ја познаваат и сакаат како пее. Освен ѕвездата на „Гранд“ , тие го ангажирале и оркестарот на Аца Софронијевиќ. Желбата на Северина е да ѝ запее и Ана Бекута, што, сигурно, и ќе се случи, бидејќи Ана и нејзиниот партнер Мрка ќе бидат меѓу сватовите – изјавил добро информиран извор близок до двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.