Часовниците во Турција не се вратија за еден час наназад денеска, согласно решението на Владата за одложување на враќањето кон зимското сметање на времето, поради парламентарните избори на 1 ноември, јави ДПА.
Министерот за енергетика Али Раза Алабојун изјави дека мерката е во интерес на гарантирање на безбедноста за време на кампањата и изборниот ден.
Часовниците ќе се вратат за еден час наназад на 8 ноември, две седмици по останатиот дел од Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.