Кои луѓе биле најбогати на светот? Рангирањето е направено по многучасовни интервјуа на економисти и историчари. Проценките биле ригорозни, но се сметаат за дискутабилни. Направена е листа на луѓе кои имале силно економско влијание во историјата.
10. Џингис Кан
Живеел од 1162-та до 1227-та година. Неговото богатство не се базира на злато или пари, туку на фактот дека поседувал огромен имот. Џингис Кан неоспорно е еден од највлијателните воени владетели чија Империја била распространета на два континента – Азија и Европа.
9. Бил Гејтс
Бил Гејтс е најбогатата личност која сè уште живее, а според „Форбс“ неговото богатство проценето е на 78.9 милијарди долари.
8. Алан Руфус
Живеел од 1040-та до 1093-та година во Велика Британија, а неговото богатство проценето е на 194 милијарди долари.
7. Џон Рокфелер
Живеел од 1839-та до 1937-та година, а благодарение на тоа што контролирал 90% од производството на американската нафта, неговото богатство проценето е на 341 милијарди долари.
6. Ендру Карнеги
Карнеги е еден од најбогатите Американци кој ја продал својата компанија „УС Стил“ на Морган за тогашни 480 милиони долари. Денес оваа сума соодветствува на 372 милијарди долари.
5. Јозеф Сталин
Сталин е помалку позната фигура во модерната економија, но комбинацијата од неговата апсолутна диктаторска моќ и економската сила на тогашната СССР, економистите денес го номинираат како една од најпознатите личности на сите времиња. Неговото богатство се проценува на 7.5 трилиони долари.
4. Акбар Велики
Живеел меѓу 1542 – 1605 година во Индија. Владеел со 25% од тогашната глобална економија.
3. Царот Шензонг
Живеел од 1048-та до 1085-та година во Кина и како и Акбар Велики владеел со 25% -30% од тогашната глобална економија.
2. Цезар
Цезар владеел со 30% од светската економија, а лично поседувал богатство во вредност од 4.6 трилиони долари. Меѓу другото, краток период владеел и со цел Египет.
1. Манса Муса
Манса Муса, Кралот на Тимбакту, се вели дека е најбогатиот човек во историјата. Неговото богатство сè уште не може јасно да се дефинира.
Неговото богатство се базира на масивното производство на злато. Според, професорот Ричард Смит: „Замислете си го сето злато кое може да го поседува еден човек и таа вредност удвојте ја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.