Чешкиот претседател Милош Земан смета дека поголемиот дел од бегалците не заслужуваат симпатии, бидејќи според него, тие обично се млади, здрави и добро материјално обезбедени мажи, а децата ги користат само како штит.
Во интервју за порталот ,,Блеск.тв”, Земан рече дека не е против предлогот на неговиот претходник Вацлав Клаус, да се одржи референдум за квотите за распоредување на бегалците, за што се залагаат повеќето земји на Европската унија и покрај отпорот на Чешка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан рече дека и тој сочувствува при погледот на децата на бегалците кои доаѓаат во Европа, но прашање е, зошто нивните родители ,,ги влечат” со себе и ги ставаат на ризик да го изгубат животот.
За повеќето бегалци, Земан тврди дека се мажи со ,,ајпади” и ,,ајфони”, кои во џебовите имаат илјада евра или долари. Тој, смета дека со својот став само предупредува пред реалната опасност, пред која политичарите затвораат очи.
– Луѓето едноставно бегаат пред војна, се трудат да ги заштитат своите деца, семејството, голиот живот, реагираше премиерот Бохуслав Соботка, кој смета дека не е можно да постои сомнеж во мотивите на бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.