Улогата на „Славеј” во ова совршено дело на Стравински е различна од сите досегашни улоги кои ги имам пеено, не само од музичка гледна точка туку и како карактер, вели македонската сопранистка Милена Арсовска, која во петокот дебитираше на сцената на Националниот татар во Прага.
Арсовска која настапува во главната улога на операта “Славеј” на рускиот композитор Игор Стравински, за МИА изјави дека со нетрпение ја очекувала премиерата во престижната оперска куќа и навистина уживала во секоја минута помината на сцената во историската зграда на Театарот.
– Славејот во нашата продукција е симбол за живот, среќа, слобода и е полн со радост и позитивна енергија, рече Арсовска за ликот кој таа го претставува во операта.
Таа ја чувствува перфектната мелодија на птицата славеј, полна со виртуозност, која претставена во тело на жена, со својата песна внесува живот во мртвите души во кралството на кинескиот император.
„Славејот” на Стравински во Чешка досега е изведен само на два концерти во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.