| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Граѓаните покажаа висока демократска свест

gordana jankulovskaГордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи, посочи дека граѓаните денеска покажале висока демократска свест. Граѓаните треба да се горди што не подлегнаа на манипулации и на сценарија, додаде Јанкуловска.

Во 19 часот гласачките места биле затворени, освен на седум места, каде што е продолжено за 1 час, во зависност од проблемите.

Ако се спореди статистиката, трендот на полициски интервенции е многу помал, што е доказ за добро организирани избори.

Во однос на обвинувањата на опозицијата, министерката Јанкуловска оцени дека полицијата се покажала на висина на задачата, што е забележано во извештаите на набљудувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top