Во скопската населба Влае попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа, во која камион удри во малолетно девојче. Според првичните информации станува збор за 12 годишно девојче кое веднаш по несреќата починало.
Несреќата се случила на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Андреј Димов“ и „Стефан Филиповиќ“, кај ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Увидот на лице место е во тек да се утврдат причинете за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.