| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб се врати дома

bom

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб го одигра првиот меч за НБА тимот Њу Орлеанс пеликанс на домашен терен, во градот во кој е роден и стартот беше победнички. Во меч од претсезоната во НБА лигата Пеликанс беа подобри од Мајами хит.

Бо беше на паркетот нешто подовеќе од 12 минути и не успеа да се запише во листата на стрелците, а имаше 4 асистенции и два скока.

За првпат откако си замина од Универзитетот Њу Орлеанс, Мекејлеб беше бодрен од трибините од својата мајка, која по долги години минати во Европа на нејзиниот син, конечно можеше да го види Бо на дело.

Не знаев кога точно ќе дојде, но знаев дека ќе биде тука. Чувството беше извонредно, не само поради неа, туку поради фактот дека играв пред бројни пријатели и роднини. Многу луѓе дојдоа да ме видат бидејќи долго време ме немаа видено како играм. Таа беше пресреќна од мојот настап, а јас бев пресреќен што ме виде како играм“, рече Мекејлеб.

Неговата иднина во клубот не е загарантирана, бидејќи Бо е еден од четворицата што имаат незагарантирани договори, заедно со Нејт Робинсон, Џеф Адриен и Брајс Џонс. Сезоната во НБА почнува на 28 октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top