| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Последниот Македонец – патот до истребување“ в понеделник

о кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје в понеделник со почеток во 20 часот ќе се одржи скопската премиера на документарно-играниот филм „Последниот Македонец – Патот до истребување” во режија на Илија Пиперковски.

Филмот се занимава со горливи прашања: Зошто Македонија во периодот пред Букурешкиот Договор, но и помеѓу Балканските
војни, не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто не постоела цврста Организација која наместо меѓусебни препукувања, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската
Егзархија, Грчката Православна Црква а подоцна и Српската? Зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците не е реткост во Македонија?

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top