Рускиот претседател Владимир Путин ја тестираше новата „Лада веста“ во Сочи и позитивно го оцени моделот што треба да го препороди руски АвтоВАЗ.
Според Путин автомобилот добро реагира на командите и е лесен за ракување.
Производството на „Лада веста седан“ почна во погоните на „Автоваз“ на 25 септември.
Оваа година ќе бидат произведени меѓу 5.000 и 6.000 автомобили, а за следната година се планирани речиси 70.000 примероци.
Новиот автомобил на Лада, направен во соработка со групацијата „Рено-Нисан“ ќе чини меѓу 7.900 и 9.600 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


