| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ е машина за пари

Акциите на новоформираната компанија „Алфабет“, матичната куќа на „Гугл“, скокнаа по објавувањето на податоците, кои покажаа дека “Гугл“ значително ја зголемил заработувачката.

„Алфабет“ во третиот квартал остварил скоик на профитот од 45 отсто на 3,98 милијарди долари и скок на приходите од 13 отсто на 18,67 милијарди долари, пренесе „Франс прес“.

Акциите на компанијата пораснале 10 отсто на 723 долари по објавувањето на веста.

„Гугл“ е машина за пари. Тие буквално ја контролираат инфраструктурата на рекламирањето. Ако некој создава пари, тоа го прави „гугл“, наведува аналитичарот на групата „Ендерле“ Роб Ендерле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top