| четврток, 6 декември 2018 |

Завршете го овој ден со мудрост: Преубава приказна за фризер и Господ

Човек  влегол во фризерски салон да се потстриже и да ја скрати брадата како и вообичаено. Почнал да зборува за секојдневни работи и теми со фризерот.

QandA-with-Sydney-Hairdresser-Leonard-Mattis-Yellowtrace-06

Наеднаш ја допреле темата за Господ. Фризерот кажал:„Знаеш, јас не верувам во Господ“.

„Зошто“ – го прашал човекот.

„Многу едноставно , излези на улица и ќе сфатиш дека Господ не постои. Објасни ми го ова: да постоеше Господ, дали имаше да има толку болни луѓе во светот? Ќе имаше ли напуштени деца? Ќе имаше ли војни? Доколку постоеше Господ , немаше да има болка и тага. Да имаше Господ, тој немаше да дозволи да се случуваат ваквите работи. Не, нема Господ“.

Човекот замолчел. Звучеше како фризерот да има право. Тој само немаше контра аргумент. Поминаа неколку минути. Фризерот ја завршил неговата работа.

Човекот му платил, се заблагодарил и излегол од фризерскиот салон. Набрзо по излегувањето здогледал човек со долга коса  и запуштена брада. Изгледал неуредно. Човекот застанал за миг  гледајќи го.

Наеднаш се свртел и се вратил во фризерскиот салон и му кажал на фризерот:

„Знаеш што ? Фризери не постојат!“

„Како не постојат“ – прашал фризерот.

„Па така убаво не постојат, бидејќи да постоеја немаше да има неуредни луѓе каков што е оној кој пред малку го видов на улица“.

„Пријателе  мој, фризерите постојат, само што луѓето не доаѓаат кај нив“, му одговорил фризерот.

„Точно!“, потврдил човекот и додал:„Исто така и Господ постои само што луѓето не доаѓаат кај него“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top