Професорката на нејзин профил споделила фотографии поради кои целото училиште се „кренало на нозе“.
Минди Џенсен, професорка која предава во едно средно училиште во Америка, ги шокираше учениците и родителите со фотографиите кои ги споделила на Инстаграм. Тие биле згрозени со глетката која ја нарекоа „нескромна“ и „порнографска“.
Професорката на нејзиниот профил објавила фотографии од натпреварување во боди – билдинг поради кои целото училиште „се крена на нозе“. Тие и се заканиле со отказ доколку не ги тргне сите фотографии или ќе мора да ги објави како приватни, односно да не и бидат достапни на пошироката јавност.
Меѓутоа, Минди одбила да ги тргне фотографиите и кажала дека на овој начин сака да ги инспирира и мотивира луѓето да живеат здрав живот.
Училиштето го земало во предвид ова нејзино објаснување па не и дале отказ туку и се извиниле.
Тие во соопштението за јавноста објасниле дека ги решиле сите недоразбирања со професорката и дека е работат на едукацијата на родителите како да го контролираат користењето на интернетот кај децата.
Инаку Минди е самохрана мајка на четири деца, која неодамна се развела од нејзиниот сопруг. Со боди – билдинг почнала да се занимава кога паднала во тешка депресија предизвика од разводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Учениците ја издале: Професорка избркана од работа поради секси фотографиja
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)