| четврток, 6 декември 2018 |

Полноќна лидерска средба- Не се очекуваат одлуки, туку реафирмирање на посветеноста кон договорот од Пржино

Средба на лидерите на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА вклучени во разговорите за спроведување на договорот од Пржино е закажана за ноќеска на полноќ, потврдуваат од политичките партии.

Разговорите на лидерите ќе продолжат откако пред неколку дена не беше постигнат договор за отворените прашања од договорот на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте деновиве имал одвоени средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во работните групи за спроведување на точките од договорот од 15 јули во Пржино.

Ванхауте на средба со новинарите во средата изјави дека ако до почетокот на ноември не се формира Државната изборна комисија и не се реализира Законот за специјалниот обвинител ќе се доведе во прашање валидноста на договорот и одржувањето на изборите.

Европската унија и САД исто така побараа од четирите најголеми политички партии, потписнички на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули, да продолжат со имплементирање на точките од договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top