| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: За ЕУ мора да се надминат сите наши разлики

Наредните денови ќе продолжат разговорите на лидерите на најголемите политички партии кои на денешната средба во Клубот на пратениците бараа решение за составот на Државната изборна комисија, претстојниот есенски референдум за името, формулацијата на реферндумското прашање…

На средбата речиси  четири часа се водеа разговори меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Билал Касами од Беса.

Претседателоте на ДУИ  Ахмети по средбата изјави дека постојат  разлики, но тие треба да се надминат во интерес на евроинтеграциите.

– Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница за имплементација на договор којшто е постигнат со грчката страна. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува наредните денови да продолжат разговорите и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса, изјави  Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top