| четврток, 6 декември 2018 |

Автопатот од мотел Македонија до Градско утре затворен од 5 до 18 часот

a fond4Поради снимање на францускиот филм „А Фонд”, утре во периодот од 5:00 часот изутрина до 18:00 часот ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел Македонија до Градско. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација, соопшти АМСМ.

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, кој поради појава на одрон се одвиваше по една коловозна лента.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top