| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Во Виена предложени идеи кои можат да ги сменат настаните во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери денешната четиристрана средба за Сирија, во Виена, ја оцени како конструктивна и продуктивна.

Во Виена денеска за ситуацијата во Сирија и можните излезни решенија освен Кери разговараа и шефовите на дипломатиите на Русија, Сергеј Лавров, на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир и на Турција, Феридун Синирлиоглу.

Во разговорите, според Кери, биле предложени идеи кои можат да ја променат динамиката на настаните во Сирија.

Кери пред новинарите во Виена изјави дека се надева дека следниот петок ќе има нова меѓународна средба, пренесоа француските меидуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top