| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава месечно заработува до 50 милиони долари од нафта

Исламска држава заработува до 50 милиони долари месечно од продажба на сурова нафта од нафтените наоѓалишта што се под нејзина контрола во Ирак и Сирија, што е дел од добро организирана индустрија која американската дипломатија и воздушните напади досега не успеаја да ја спречат, изјави ирачки и американски официјални извори.

нафта

Според американските медиуми, групата ангажирала опрема и експерти од странство за да оддржуваат работата во наоѓалиштата, а САД во последно време ги зголемија напорите за прекинување на овој извор на нејзина поддршка.

Вашингтон со регионалните влади,  вклучувајќи ја и турската, веќе го изразија своето незадоволство од внесувањето на енергетската инфраструктура на териториите од Сирија што се под управа на Исламска држава, а меѓу нив и увозост на опрема за дупчење, рафинирање, пренос и производство на енергија, во Вашингтон изјави високо позициониран американски претставник, кој побарал анонимност, а кој од прва рака е запознат со нафтениот сектор на групата.

Тој посочи дека меѓународни играчи во регионот намерно или ненамерно ја поддржуваат оваа ситуација и изрази мислење дека организацијата на нафтените наоѓалишта под контрола на Исламска држава станува се поусовршена. Тоа на групата и помогнало да ги забави загубите во својата инфраструктура од американските бомбардирања.

– Исламска држава продава сурова нафта на шверцери и често пати дава отстапки – понекогаш ја продава по 35 долари за барел, но во некои случаи и по 10 долари. Тие од своја страна ја препродаваат на посредници во Турција, допополнуваат тие.

Според податоците на американските медиуми, групата располага со 253 нафтени извори во Сирија, а 161 од нив се во функција.

-Пресметките се дека ИД дневно во Сирија добива по околу 30.000 барели нафта, додека  од Ирак уште по околу 10-20.000 барели, главно од наоѓалиштата крај Мосул, изјави Ибрахим Бар ал Олум, поранешен член на енергетската комисија на ирачкиот Парламент и поранешен министер за нафта.

Но, тој посочи дека голем дел од ирачката продукција на нафта не се продава, туку место тоа се испраќа во Сирија, во импровизирани рафинерии, каде се произведуваат горива.

Се смета дека групата од продажбата на нафта секој месец заработува меѓу 40 и 50 милиони долари, изјавија ирачките претставници.

Канцеларијата на турскиот премиер преку соопштение посочи дека официјална Анкара преземала мерки за зголемување на безбедноста долж нејзината граница и „ во пракса го запрела шверцот со нафта“.

Даниел Глејзер, претставник на американското Министерство за финансии, годишниот приход на Исламска држава од нафтата го оцени на околу 500 милиони долари само врз основа на доказите дека од почетокот на 2015 година заработувала месечно по околу 40 милиони долари.

Според податоците на ирачкото разузнавање нафта се продава и во ирачките региони под контрола на Курдите, кои, меѓутоа, ги демантираат воие тврдења.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top