| четврток, 6 декември 2018 |

Врачени наградите „23 Октомври“

­ Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена Државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за остварување во областа на културата и уметноста на овогодинешните добитници ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов, на писателот Фејзи Бојку и на музикологот, публицист, новинар и музички критичар, Костадин Костадиновски.

nagr

 

Престедателот на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, академик Вера Битракова Грозданова изјави дека оваа престижна награда претставува признание со кое се вреднува придонесот на творештвото на тројцата добитници за нивна лична и за афирмација на сопствената држава.

– Заветот на нашите слободоумни претци многу не обврзува согласно со нивната визија. Се што е досега постигнато треба да се унапредува и во новото време треба да се учествува во рамноправен натпревар со другите, бидејќи само на тој начин може нашето општетство да се вгради во цивилизациските токови на културните нации. Денес во времето во кое живееме, творечкиот потенцијал во областа на науката, образованието, културата го поддржуваме. Но, останувам со надеж дека понатака уште повеќе ќе се зголеми поддршката од општеството. Како што еден особено учен Македонец, атомистот и филозоф, Јоцо Поп Јорданов ќе рече ­ да се трудиме повеќе да се слушаме, учените повеќе да се слушани од моќните и моќните повеќе да ги слушаат учените, рече Битракова Грозданова честитајќи ја наградата.

Од името на тројцата лауреати се обрати Костадиновски, кој видно возбуден, истакна дека наградата претставува заокружување на големата валоризација и верификација на нивните творешки дострели во изминатите 4­5 децении. ­

-Таа валоризација стимулира и мотивира, и истовремено ја потенцира возвишеноста на духот. Културата е огледало и гордост на една нација, рече меѓу другото Костадиновски.

Во образложението кон наградите се наведува дека академик Хаџи Николов им припаѓа на малкутемина македонски уметници кои мајсторски владеат со сликарскиот занает. Неговата континуирана речиси три и пол децениска творечка активност минала низ неколку стилски фази и жанрови почнувајќи од надреалистичкиот пристап, па се до хипер реализмот, односно фотореализмот, кој претставува заштитен знак на неговото творештво во последнава деценија. Доминантен мотив во неговите дела е женското тело поставено во современ контекст.

Писателот Фејзи Бојку е автор на 14 дела збирки поезија и раскази за деца и младинци, како и на осум научни труда. Во својата творешка кариера има преведо и 42 дела од македонски, албански, српски и француски јазик, а автор е и на 10­тина тематски емисии за радио и ТВ.

Костадин Костадиновски музикологот, публицист, новинар и музички критичар, се смета за доајен на македонската музикологија. Автор е на пет музички пибликации и творец на неколку музички фестивали меѓу кои Фолк фест Валандово, Интерфест, Тетовски филиграни. Неговиот потпис го носат и повеќе естрадни песни.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно­историското наследство на Република Македонија.

По повод одбележувањето на „23 Октомври“ ­ Денот на македонската револуционерна борба, владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски положија цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието на Република Македонија. Пред споменикот почит оддадоа и делегации од Кабинетот на престедателот на државата, од Парламентот, партиски делегации, делегација од Министерството за одбрана и АРМ, амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак и претставници на здруженија.

Формирањето на ВМРО во 1893 година значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење за создавање самостојна македонска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top