Според официјалните инфромации, американската поп-ѕвезда Бијонсе Ноулс има 34 години, но нејзиниот татко тврди дека таа е всушност две години постара.Метју Ноулс, кој беше менаџер на Бијонсе додека таа беше во групата „Дестинис чајлд“, во едно интервју изјавил дека неговата ќерка е родена иста година како и нејзината колешка Пинк. Според податоците Бијонсе е родена на 4 септември 1981 година, додека Пинк е родена на 8 септември 1979 година.
– Групата „Дестинис чајлд“ имаше конкуренција. Л.А. Рид имаше женски бенд кои ни беа ривалки, а претпоставувам дека не знаете кој беше нивниот главен вокал. Тоа беше Пинк! А таа е родена иста година како и Бијонсе – изјавил тој.
Изјавата на Метју поттикна теории на заговор на социјалните мрежи кои сугерираат дека Бијонсе лаже за своите години. Во тој прилог оди и фактот дека актерката Габриејле Јунион, која следната година ќе наполни 43 години, и во една прилика изјавила дека таа и Бијонсе се дружеле додека биле тинејџерки. Многумина се запрашале како е тоа возможно, кога помеѓу нив има разлика од дури 9 години. Американската водителка Бијана Голодрига (37) исто така пред неколку години изјавила дека таа и Бијонсе оделе заедно во средно училиште.
Сепак на изводот од книгата на родените пишува дека Бијонсе е родена 1981 година , што значи дека има 34 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.