Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне сè уште ќе има локални врнежи, а на планините и на некои повисоки места можен е слаб снег. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во вторник попладне ќе има врнежи, а веќе од среда почнува стабилизација на времето со повисока дневна температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.