Барбара и Тина Шегетин, сестрите од Ријека, многумина ги сметаат за најатрактивните натпреварувачки во новата сезона на реалното шоу„Големиот брат“.
Кога ќе ја видите Јасенка Шегетин мајката на овие две убавици ќе ви стане јасно дека круши под круша паѓаат.
Иако таткото на Тина и Барбара бил против нивната одлука да влезат во куќата на „Големиот брат“, мајката Јасенка имала сосема спротивен став. Таа ги поддржала ќерките бидејќи смета дека ова не е голем предизвик за нив.
-Јас сум пријателка со моите ќерки и знам се за нив. Од секогаш имаме таков однос, сите проблеми ги решаваме заедно. Целосно ги поддржав да влезат во куќата бидејќи е тоа една голема игра. Јас сум модерна жена и знам дека тие ќе издржат во таа гладијаторска борба -кажала мајката Јасенка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.