| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорец скокал гол пред ученици

manjakНеколку девојчиња панично втрчале во учителските канцеларии во основното училиште во Будва барајќи помош од наставниците наведувајќи дека ги нападнал маж што трчал гол по нив. Инцидентот се случил вчера, околу девет часот утрото. Неколку другарки, кои се петто одделение, изјавиле за полицијата дека на големиот одмор, кога се упатиле кон пекарницата, пред нив скокнал сосема гол маж. Ги бркал сѐ до училишниот двор. Наставниците веднаш повикале полиција, од каде што пуштиле неколку патроли, но перверзникот успеал да се скрие.

 Полицијата вчера цел ден го обиколувала квартот и им забранила на децата да го напуштаат училишниот двор.
Според полициските информации, станува збор за маж од 35 години, русокос, со брада. Така го опишала и една од ученичките. Според полицијата, перверзникот има секогаш исто сценарио – им се прикрадува на децата, скока пред нив сосема гол, а потоа ги брка и се обидува да ги фати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top