Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордна вредност од речиси 90 отсто, покажуваат податоците објавени денес од истражувањето на јавното мислење во Русија на социолошкиот центар ВЦИОМ, јави ТАСС.
Анкетата покажа дека позитивно мислење за работата на Путин имаат 89,9 отсто од испитаниците, што е нов рекорд. Овој резултат го надминува претходниот рекорд, регистриран во јуни 2015 година, кога рејтингот на Путин изнесуваше 89,1 отсто.
Според експертите на ВЦИОМ, новиот уште повисок рејтинг на претседател е условен пред се од случувањата во Сирија и водушните напади на руската авијација врз позиции на терористите.
Тоа се главните настани изминатата недела според 26 отсто од учесниците во анкетата.
Оценките за активностите на претседателот веќе една и пол година се над 80 отсто, нагласуваат руските социолози.
– Рејтингот на Путин почна да расте пролетта 2014 година во пресрет на новото обединувањето на Крим и Севастопољ со Русија. Во март 2014 година тој достигна 76,2 отсто, во април 82,2 проценти, а во мај 86,2 отсто – нагласува ВЦИОМ.
Анкетата била спроведена на примерок од 1.600 лица во 130 населени места во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.