| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу трошеле, па биле протерани од Германија

богати
Нивните забави, скапи автомобили и расфрлање со пари премногу отскокнувале, па морале да се отселат од Германија.

Запознајте ги Бастијан и Марија Јота, кои ја живеат својата сопствена бајка!
Оваа брачна двојка неодамна предизвика вистински хаос и лавина негативни коментари, поради објавување на фотографии од нивниот екстравагантен начин на живот.

богато2

Имено, нивното секојдневие се состои од забави во базен во нивната вила на Беверли Хилс, елитен дел од Лос Анџелес, чие изнајмување чини неверојатни 10.000 долари месечно.

богато3

Тука се и луксузните автомобили, секојдневниот шопинг на кој трошат илјадници и илјадници долари, излегувања, патувања на егзотични дестинации…

Фотографиите кои го прикажуваат нивниот луксузен начин на живот им се смачиле на широките народни маси, од кои повеќето едвај крпат крај со крај, па фактички го „замолиле“ парот веќе да не им „стои на маките“.

богато4

-Не е нормално секој ден да прави забави и да пиеш реки шампањ – рекол еден од револтираните следбеници на Инстаграм.

богато6

Бастијан и Марија на својот луксузен живот месечно трошат повеќе од 100 илјади долари, а поради тоа што се премногу впечатливи насекаде „отскокнуваат“, па практично биле протерани од Германија, од каде што потекнуваат.

богато7

-Луѓето плукаа на моето Ферари и се потсмеваа на големите гради од Марија. Им пречеше што живееме убаво – вели Бастијан.

богато8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top