| четврток, 6 декември 2018 |

Притисок пред „Ел Класико“, или суди за Реал, или прости се од судење

mesi i ronaldo

Во Шпанија во тек е истрага пред најголемото светско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, или популарното „Ел класико“, по наводите на шпанскиот медиум „L Esportiu“ дека на еден од линиските судии му се заканувале луѓе од судиската комисија во Шпанија.

Листот „Sport“ кој истотатка е каталонски го објави и името на човекот што се заканувал. Се работи за Муњоз де Моралес од техничкиот судиски комитет. Наводно тој му се заканил на линискиот судија да суди во корист на Реал Мадрид, или да се прости од кариерата во Примера Дивизија.

Моралес е поранешен судија во Првата шпанска лига, а дел од медиумите во Шпанија објавија дека ова е лажна вест од каталонските медиуми со цел да се крене тензија пред „Ел Класико“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top