На дезинформациите објавени на Тв Телма дека премиерот Никола Груевски не оди на средбите во Брисел на кои ќе се разгледува проблемот со бегалците бидејќи не бил поканет, реагираа од прес службата на влада, од каде информираат дека Груевски бил поканет, но нема да биде во можност да оди во Брисел бидејќи во истиот период веќе има договорена слуќбена посета на Обединетите Арапски емирати.Ова е реакцијата од владата на РМ.
-Не навлегувајќи во мотивите и намерата на дел од медиумите да се направи тенденциозна манипулација во јавноста, во интерес на вистината и објективното известување сакаме да информираме дека ПВРМ Никола Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбите кои во недела ги организира претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, од причина што во предвидениот термин, премиерот Груевски ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати каде што ќе има средба со високи претставници од политичкиот и економски живот на земјата домаќин. На средбата со г-дин Јункер ,по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Ги демантираме дезинформациите и неточните наводи на ТВ Телма, која спротивно на новинарските стандарди не побара став од македонската влада за нивната објавена дезинформација, дека неприсуството на премиерот Груевски на средбата со г-дин Јункер е од други причини кои се различни од претходно наведената, а тоа е претходно договорената посета на македонскиот премиер на Обединетите Арапски Емирати. Дополнителен демант за неточната и невистинита теза објавена на ТВ Телма е фактот што денеска и утре премиерот Груевски, присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија од позиција на која на истиот конгрес присуствуваат и германската канцеларка Меркел,шпанскиот премиер Рахој,унгарскиот премиер Орбан,ирскиот премиер Кени,летонската премиерка Страујума и други европски лидери,а на кој конгрес присуствува и учествува во работата и претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер- информираат од прес службата на владата на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски