Актуелната шампионка во Светскиот скијачки куп од минатата сезона, Австријката Ана Фенингер, заработи тешка повреда на денешниот тренинг во велеслалом пред почетокот на новата сезона.
Австријката се повреди за време на денешниот тренинг во велеслалом, веднаш стана јасно дека повредата е сериозна, па таа со хеликоптер беше итно пренесена во клиниката во Инсбрук.
– Ана сериозно го повреди десното колено и неопходна ќе биде операција – изјави Кристијан Хосер, лекар на австриската скијачка репрезентација.
Иако се уште не е официјално потврдено, 26-годишната скијачка по се изгледа ги скинала лигаментите на коленото, што значи пауза од најмалку шест месеци и пропуштање на целата скијачка сезона, која стартува за три дена со велеслаломската трка во Ретенбах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.