Соговорниците разговарале за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Светската туристичка организација, начините и механизмите за промоција на потенцијалите на државата во делот на туризмот, како и инвестициските активности во поглед на збогатена туристичка понуда.
Премиерот Груевски истакнал дека македонската Влада спроведува поголем број на мерки, активности и политики кои резултираат со значителен напредок во туризмот како значајна стопанска гранка која претставува значаен дел во македонската економија. Како доказ за успешноста во туризмот го истакнал и фактот за перманентниот раст на бројот на туристи во Република Македонија, кој од 2007 година до минатата година е зголемен двојно. Тој истакнал дека е позитивно што ваквиот тренд на раст се задржува и во првите осум месеци од оваа година при што бројот на туристи е зголемен за 10.1 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.2 проценти споредено со минатата година.
Македонскиот премиер истакнал дека Владата инвестира и во инфраструктурата, во изградбата на туристички содржини, уредување на крајбрежјата на езерата, а обезбедува и поволни услови за инвестиции во сместувачки туристички капацитети и овозможува субвенции за домашните тур-оператори за привлекување на странски туристи.
Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифај позитивно го оценил напредокот на земјата на туристичка мапа, како и напорите на македонската Влада за развој на туризмот. Тој истакнал дека Македонија е позитивен пример за напредок во оваа сфера додавајќи дека државата може да смета на поддршката и соработката со Светската туристичка организација во поглед на туристичка промоција и забрзување на развојот во оваа сфера.
– Вистинска привилегија е што имаме можност да соработуваме, да разговараме за силната поддршка и посветеност на туризмот која ја овозможува премиерот Груевски, при што ја истакнав нашата волја да го помогнеме и развиваме туризмот во Македонија. Се согласивме за две работи, да поддржиме интернационална инвестициска конференција за туризам која би се одржала во 2016 година, а втората работа е да ја продолжиме и интензивираме нашата билатерална соработка во поглед на подобрување на капацитетите, обука на кадар и промоција на туризмот во Македонија истакнал Генералниот секретар на Светската организација за туризам при ОН, Талеб Рифај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски