| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми паднал и на Б-примерокот од допинг-тестот, го очекува суспензија од 4 години

arijan-ademi-740x476

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е позитивен и на Б-примерокот на антидопинг контролата што претставници на УЕФА ја направиле по мечот меѓу Динамо и Арсенал и му се заканува 4-годишна суспензија.

Оваа вест ја потврдија со официјално соопштение од НК Динамо Загреб на својата официјална клупска интеренет-страница.

Иако беше најавено дека резултатите од Б-примерокот ќе бидат познати за дваесетина дена, сепак целата процедура, очигледно, оди побрзо, па сега останува само да се одреди казната за Адеми. Според новите и построги правила, македонскиот репрезентативец ќе паузира 4 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top