| четврток, 6 декември 2018 |

За 20 дена ФЗОМ контактирал со 3.120 хронични болни

Во врска со реализација на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“, ФЗОМ информира за првичните резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните. Комуникацијата во повикувачкиот центар се одвива со телефонски јавувања, СМС и со е-пошта со осигуреници што се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес.

Досега, 10 тима на вработени во Фондот контактираа со 3120 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник.

– Можеме со задоволство да констатираме дека за овој краток период од 20 дена наидовме на позитивен приeм кај осигурениците со кои контактиравме. Од досегашните јавувања увидовме дека осигурениците се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил.  На наше изненадување, неколку осигуреници знаеле дека имаат болест, но не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. Сепак, по укажување од нашите вработени, овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје и да ги слушаат препораките на лекарите. Осигурениците поттикнати од нашите јавувања се интересираа и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и бараа дополнителни информации за лекови на позитивната листа.Како што ја информиравме јавноста, нашите тимови се составени од вработени од поголемите подрачни служб,и како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста – велат од ФЗОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top