| четврток, 6 декември 2018 |

Од промена на времето страдаат и болни и здрави

Десет дена се потребни организмот да се навикне на промената на времето. Лекарите предупредуваат дека падот на температурата може лошо да влијае не само на болните туку и на здравите.

Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатите и лицата со хронични заболувања.

– За граѓаните полесно да ги поденесат промените на времето потребно е да практикуваат физичка активност и да внимааваат на исхраната, советува д-р Љубе Пајковски, раководител во Брза помош.

Поради големите температурни разлики во Брзата помош очекуваат и зголемен број на повици

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top